ЕУРО: Реми на Франција и Португалија, Горетцка ја спаси Германија од бламажа

Двата натпревара во последното коло на Групата Ф, меѓу Франција и Португалија во Будимпешта и меши Германија и Унгарија во Минхен, завршија со идентични резултати 2:2, што на Французите им го донесе првото место, Германците се втори, а Португалците одат во осминафиналето на Европското првенство како третопласирани.

Унгарија двапати беше во водство на минхенската „Алијанц Арена“. Унгарците поведоа во 11 минута кога Адам Шалаи со убав удар со глава го совлада Мануел Ноер. Германија до 66 минута не можеше да го пробие гостинскиот бедем и беше практично во тие моменти елиминирана од континенталното првенство. Тогаш благодарејќи на грешката на унгарскиот голман Ѓулечи кој отиде во празно, му овозможи на Каи Хаверц да ја спроведе со глава во мрежата.

Меѓутоа, нецели две минути подоцна Германија повторно беше на работ на големата бламажа како никогаш во иторијата да биде елиминирана уште во фазата по групи. Адам Шалаи беше асистент, а степшец беше Андрес Шафер кој со глава ја испрати топката крај истрчаниот Ноер. И сѐ до 84 минута Германија беше на последното место во групата, кога Леон Горетцка го совлада Ѓулачи и ги одведе „Панцирите“ до второто место во групата и дуелот во осминафинелот против Англија на лондонски „Вембли“ на 29-ти јуни.

На „Пушкаш Арента“ во Будимпешта, водечкиот погодок го постигна Кристијано Роналдо во 31 минута од пенал, кој го направи францускиот голман Уго Љорис кој во обид да ја избоксува топката го нокаутираше Данило. Франција израмни првпат во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме, кога Семедо го фаулираше Килиан Мбапе, а прецизен беше од белата точка Карим Бензема.

Бензема во 48 минута направи резултатски пресврт на асистенција на Пол Погба. Конечниот резултат го постави Кристијано Роналдо во 60 минута, повторно од пенал досуден откако со рака играше дебитантот Кунде. По овој погодок, ритамот спласна бидејќи и двете селекции беа задоволни со развојот на настаните на двата меча.

Португалија како третопласирана во осминафиналето ќе игра на 27-ми јуни против Белгија во Севилја. Франција, пак, иако прва со само пет бодови од можни девет, на 28-ми јуни во Букурешт ќе игра со Швајцарија.