ЕУРО: Унгарците во финишот потклекнаа пред Португалија

Фудбалската репрезентација на Португалија со победата од 3:0 над Унгарија во дуелот во првото коло од Групата Ф на Европското првенство одигран во вторникот во Будимпешта, го започна патот кон одбрана на титулата освоена пред пет години во Франција.

Селекцијата којашто пред пет години до тутулата првак на Европа стаса со три ремија во групната фаза и со само една победа остварена во основните 90 минути од мечот, уште на првиот настап на годинешното ЕУРО покажа дека и овојпат е во тесниот круг фаворити, ако е во истата група со Франција и Германија.

Водечкиот погодок за Португалците го постигна Рафаел Гвереро во 84 минута, а стрелец на другате два погодока беше Кристијано Роналдо кој во 87 минута реалигираше пенела а во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 3:0.

Како и што се очекуваше, бранителот на титулата европски првак воспостави теренска надмоќ од првиот момент и веќе во 5 минута унграската одбрана беше ставена на големо искушение. Диого Јота имаше многу простор, но неговиот удар од шеснаесетникот го запре домашниот голман Петер Ѓулачи. И до крајот на првиот дел ова беше најсериозниот обид на дуелот во кој Унгарците се ограничуваа на цврста одбрана и ги чекаа своите шанси во противнапади и прекини на играта.

Една таква можност избраниците на унгарскиот селектор Марко Роси имаа во 37 минута, кога Роланд Шалаи нафрли во шеснаесетникот од слободен удар, а ударот на Адам Салаи без проблеми го запре голамот Руи Патрисио, за кого ова беше единствената интервенција во првото полувреме.

Најдобрите шанси избраниците на Фернандо Сантош ги маа во последните пет минути од првиот дел. Диго Жота повторни се загани во 40 минута, но неговиот удар од осум метри успеа да го одбрани Ѓулачи. Три минути подоцна Кристијано Роналдо ја пропушти најдобрата шанса во 45 минута. Бруно Фернандеш испрати приземна топка во петерецот, каде што осамен беше португалскиот капитен но наместо во мрежата топката ја испрати над пречкатта.

Во второто полувреме домашната репрезентација и натаму добро се носеше со поругалските напади, дозволувајќи го во првите 20 минута само обидот со глава на Пепе на самиот почеток. Истовремено и унгарските амбиции за погодок станаа поконкретни. Во 50 минута Адам Салаи повторно се закани, овојпат со удар од 20-ина метри, но Руи Патрисио беше подготвен и сигурен во интервенцијата, како и во 57 минута кога шутираше Роланд Шалаи.

Новото искушение на спротивната страна за Ѓулачи дојде со ударот на Бруно Фернандеш во 68 минтуа од околу 25 метри, кој унгарскиот голам со крајни напори го сврти во корнер. Во 76 минуа Протугалците од главниот арбитар Чунејт Чакир бара пенал, кога Роналдо сигнализираше дека неговиот обид за дриблинг во противничкиот шеснаесетник завршол во раката на еден од унгарските одбранбени играчи, но проверката во ВАР-собата не потврди дека треба да се суди најстрога казна.

ВАР-от повторно беше во центарот на вниманието во 80 минута, но пред голот на Португалија. Дваесетгодишниот Саболч Шен ѝ побегна на португалската одбрана, влезе во шеснаесетникот и со прецизен удар по земја го совлада Руи Патрисио. Но славењето на речиси целосно исполнетиот стадион кусо траеше, бидејќи поради офсајд позицијата во која стрелецот се наоѓал кога му била упатена топката погодокот беше поништен.

Во следните шест минути Португалците конечно ја ефектуираа надмоќта која ја имаа во текот на целиот меч. Првиот гол го постигнаа и помалку со среќе во 84 минута, кога Гвереро шутираше од шеснаесетникот, но топката го погоди во петицата Вили Орбан и го измами Ѓилачи. Само две минути подоцна Кристијан Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на континенталните првенства. Орбан од грб несреќно го сопна Рафаел Силва, а Чакир без двоумење покажа на белата точка. Роналдо беше прецизен и собори уште еден рекорд. Тоа придонесе за целосно распаѓање на одбрана на Унгарија, што Роналдо ја искористи во 92 минута, кога ја доби топката осамен пред Ѓулачи, со дриблинг го измами унгарскиот голман и ја испраи топката во небранетата мрежа.

Роналдо на овој меч стана првиот фудбалер во историјата кој настапил на пет европски првенства. Дебитантскиот настап Роналдо го имаше во 2004 година кога неговата репрезентација загуби од Грција во финалето. Потоа играше и во 2008 година во Австрија и Швајцарија, четири години подоцна во Украина и Полска како и пред пет години во Франција кога ја освои титулата. Португалецот со тоа што истрча на теренот на „Ференц Пушкаш“ арената во Будимпешта, собори уште еден рекорд, влучувајќи ги и светските и европските првенства, зашто дуелот против Унгарија е негов 39-ти на големите натпреварувања со што го престигна Германецот Бастијан Швајнштајгер. Покрај овие два, Португалецот собори уште еден рекорд. Со голот од пенал, Роналдо стана најдобар стрелец во историјата на Европските првенства постигнувајќи го десеттиот гол. Португалецот го надмина Мишел Платини кој сите ги даде на ЕП 1984 година. Исто така на Роналдо му недостигаат уште три гола за да се израмни со Али Даеи на листата на фудбалери кои дале највеќе голови за своите репрезентации. Даеи досега 109 пати погодил во дресот на Иран додека Роналдо моментно е на бројката од 106 гола.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.