Еуробаскет 2017: Словенија прва во групата, Грција успеа да се пласира во осминафиналето

Репрезентацииите на Словенија и на Литванија натпреварите од групната фаза на Европското првенство во кошарка ги завршија на првите места во своите групи, a кошаркарите на Грција ја совладаат Полска со 95:77 во Групата А од Евробаскетот во натпреварите играни во седата, со што го освоија четвртото место и во осминафиналето ќе играат против Литванија, додела Полска го заврши натпреварувањето, а во Групата А во Тел Авив Италија со 71:69 славеше над Грузија со што го обезбеди третото место и Грузијците ги остави да го очекуваат исходот од дуелот меѓу Украина и Израел.

Словенците ја постигнаа и петата победа откако ја совладаа Франција со 95:78 , додека Литванија во дуелот за првата позиција во Групата Б ја победија Германија со 89:72 и исто така го освои првото место во групата.

Италија речиси целиот натпревар имаше 10 и повеќе поени предност против Грузија., Најголемата предност на Италијанците беше плус 19, а во последните седум минути влегоа со 15 кошеви предност. Но Грузијците не се предаваа па на почетокот од последната минута со „тројката“ на Мајк Диксон дојдоа до првото водство на мечот (68:67). Хакет со полагање повторно го врати водството на Италија, а Диксон промаши удар за три поена за ново водство. Грузијците последната надеж ја имаа кога Диксон го погоди првиот удар од слободно фрлање за 69:71, а второто намерно го промаши по што Пачулија ја прифати топката. Но Датоме ги блокираше двата шута на Шермадини за можно изедначување.

Билинели со 15 кошеви и Датоме со 14 поени беа најдобро стрелци кај Италија, додека Диксон со 29 поени ја предводеше Грузија кои во осминафиналето ќе влезат само доколку Израел ја совлада Украина. Во спротивно Украинците ќе го освојат четвртото место поради победата над Грузија во меѓусебниот меч.

Грција дури во последната четвртина која ја доби со 25:10 го скрши отпорот на Полска и на крајот со уверливите 95:77 го освои четвртото место во Групата А. Калатхес со 24 кошеви и 10 асистенции беше најдобар на дуелот, додека Слаѕскас со 16 кошеви беше најдобар стрелец. Кај Полјаците Кулиг, исто така, постигна 26 кошеви, со седум скокови.