Еурофарм Пелистер не издржа во Загреб, пропушти „плус пет“

Екипата на Еурофарм Пелистер, кој настапи без шест првотимци во продолжението на регионалната СЕХА лига, дожевеа пораз во саботата на гостувањето кај ППД Загреб, со 23:26, иако првото полувреме со сигурна игра  го реши во своја полза со 14:11, а во еден момент имаше и пет погодоци предност.

На оваа средба тренерот Жељко Бабиќ не сметаше на шестмина стандарни ракометари, а во игра не влезе ниту најдобриот Стипе Мандалиниќ.

Битолската екипа одигра одлични 36 минути во Загреб, а потоа доживеа пад по кој следуваше првиот пораз сезонава. По 12.минута кога се играѓе гол за гол и израмнето, битолчани со головите на Граџа и Периќ поведоа со 4:6, ППД Загреб последен пат израмни на 7:7, по што Еурофарм Пелистер направи серија од 4:0 и поведе со 13:9, а на полувреме замина со предност од 14:11.

Еурофар Пелистер вториот дел го започнаа со два играча повеќе, поради исклучувањата кај ППД Загреб во последниот напад на битолчани во првиот дел и во 33 минута дојдоа до највисокото водство од 16:11. Гостите од Битила тогаш влегоа во криза, а домашните ги средија своите редови и со пет гола во серија израмнија на 17:17 и ја вратија неизвеноста на дуелот. На другата страна битолчани правеа грешки, осум минути беа без постигнат гол, Кукулоски ја прекина црната низа за 17:18 во 44 минута.

Три минути подоцна благодарение на голманот Ашанин, ППД Загреб го врати водството по подолго време 19:18, а битолчани беа тие кои го бркаа резултатот. Домаќинот поведе и со 24:20 во 54 минута, а битолчани не успеаја резултатски да се вратат.

Периќ со седум гола од исто толку обиди беше прв стрелец, Чаневски имаше девет интервенции, на другата страна Буриќ со пет од пет го предводеше својот тим заедно со расположениот Ашанин, кој имаше седум интервенции, но сите во вистинско време.