Еурофарм Пелистер поразен од Тримо Требње во Лига Европа

Во својот четврти натпревар сезонава во Лига Европа екипата на Еурофарм Пелистер загуби на гостувањето во Љубљана од Тримо Требње со резултат 28:24.

Битолчани воглавно беа рамноправни во поголемиот дел од средбата, во еден момент имаа и еден гол позитива во текот на првото полувреме (5:4).

Словенците беа тие кои ја имаа константно предноста која се движеше од еден до два разлика, во вториот дел неизвесноста траеше до 20:19, по што следуваа грешки и неискористени напади во клучните моменти, а  тоа ривалот знаеше да го казни и да направи серија од 6:1.

Причина за третиот пораз на македонскиот претставник беше и домашниот голман Томиќ кој забележа 15 одбрани, а на спротивната страна Трајкоски и Чаневски собраа вкупно пет интервенции. Кај стрелците во победничките редови по пет погодоци имаа Сарак и Поточник, а во поразениот состав истиот учинок го имаше и Мандалиниќ, четири голови беа дело на Велковски.

На табелата во групата „Д“ Еурофарм Пелистер е на претпоследната петта позиција со еден бод од четири одиграни мечеви, а Тримо Требње од два натпревари има максимални шест бодови на втората позиција.