Еурофарм Пелистер рутински до финалето на Купот

Ракометните тимови на Еурофарм Пелистер и Вардар ќе ги одмерат силите во саботното финале од Купот на Македонија, откако битолчани  рутински ја оправдаа фаворитската улога на денешниот полуфинален меч против Бутел 38-23.

Маџовски беше предводник на Еурофарм Пелистер со седум гола, по шест постигнаа Периќ и Мандалиниќ, додека кај Бутел најефикасни беа Младеновски и Трифковиќ со по четири погодоци.

Фото: Гол.мк