Еурофарм Пелистер со негатива од три гола против Нексе за четвртфинале во СЕХА

Битолчскиот тим на гостувањето во Хрватска можеше да се врати и со еден погодок негатива, но му се дозволи на Нексе во финишот да дојде до повисока победа, откако во саботата во првиот натпревар од осминафиналето во СЕХА Газпром лигата, екипата на Еурофарм Пелистер загуби од Нексе со 20:23.

Домашните го контролираше резултатот во своја полза во текот на целиот дуел, а битолчани можеа да си заминат од ова гостување само со „минус еден“. Имено на две минути до крајот на средбата Нексе имаше водство од само 21:20 по погодокот на Б. Маџовски, но битолчани дозволија домаќинот да постигне уште два погодоци преку Баришиќ Јаман и Кевиќ.

Најефикасни во редовите на македонскиот ракометен клуб беше Остроушко со седум голови, Јотиќ забележа еден помалку. На спротивната страна по четири имаа Кевиќ и Баришиќ Јаман.

Реванш средбата во Битола ќе се игра на 12 февруари со почеток од 20.15 часот во салата „Боро Чурлевски“.