Еурофарм преку грчки АЕК во осминафиналето на Европската лига

Битолски Еурофарм Пелистер го обезбеди пласманот во осминафиналето во Европската лига каде што ќе игра против хрватски Нексе.

Македонскиот вицешампион одигра одличен натпревар и го декласираше грчкиот тим со 30:19. Со овој триумф Е.Пелистер ја заврши групата со пет победи, две ремија и три порази што беше доволно за второто место на табелата.

Еден од најзаслужните за победата беше голманот Мартон Секељ кој натпреварот го заврши со 15 одбрани, одбрани и седум седмерци. Мандалиниќ беше прв стрелец со седум гола, Табоада постигна шест погодоци колку што постигна и Божиќ Павлетиќ шест