Еурофарм Работник испушти пет гола предност за премиерна победа во ЛШ

Ракометарите на македонскиот претстравник во Лигата на шампионите, битолски Еурофарм Работник во неделата во Шпанија ја испуштија предноста од пет голови и покрај извонредните одбрани на голманот Митревски му овозможија на тимот на Бидасоа минално да слави со 25:26.

Шпанскиот тим во мечот влезе енергично, додека македонскиот тим се одржуваше и недозволуваше противникот да се одлепи. Потоа следуваше период во кој Еурофарм играше подобро и на одмор замина со предност од три гола (14:11).

Во второто полувреме Еурофарм стигна и до предност од пет гола (16:11). Токму по тоа водство започна падот во нивната игра и на крајот Бидасоа направи пресврт и славеше со еден гол разлика.

Голманот на Еурофарм Работник, Никола Митревски, мечот го заврши со 13 успешни интервенции и заедно со Остроушко со девет погодоци беа најдобрите поединци кај битолскиот тим.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.