„Еуромакс ресоурцес“ изрази задоволство од одзивот на повикот за финансирање на проекти во струмичкиот регион

Интегрално соопштение од „Еуромакс ресоурцес“: 

Најискрено Воодушевување и благодарност до Сите Вас за позитивната и граѓански одговорна реакција на нашиот „Повик за финансирање проекти до милион евра во струмичкиот регион“. Во охрабрувачки голем број не контактирате и предлагате конструктивни идеи за приоритетни проекти за реализација СЕГА и ВЕДНАШ!!!

Сакаме транспарентно да споделиме дел од ВАШИТЕ ПРЕДЛОЗИ:

– Реновирање и опремување на постојните училишта во општините Босилово, Ново Село и Струмица

„Кирил и Методиј“ – Иловица, Турново, Секирник, Радово

„Св. Климент Охридски„ основно училиште за деца со специјални потреби во Ново Село

„ЈУ Институт за Заштита и Рехабилитација“, Банско, општина Струмица

– Рекултивирање, собирање и дислокација на комуналниот отпад, чистење на каналите и системот за наводнување во повеќе села од општините Босилово и Ново Село

– Реконструкција и изградба на неколку локални патишта, како патот Турново – Иловица во должина од 6 километри

– Реконструкција и обновување на дотраените мрежи за довод и одвод на вода во неколку села, како Сушица и Турново …

проект на „ЈП Струмичко поле“ на потегот Иловица – Штука систем за наводување

– од неколку невладини организации дојдоа предлози за реконструкција на туристичките локалитети, Еко-туризам, заштита на птици и биодиверизтет, заштита на животната средина

– Реконструкција и изградба на нови детски и спортски игралишта во сите општини

– Изградба на нова велосипедска патека во должина до 13 километри, општина Струмица

– наменски грантови за жени носители на индивидуални земјоделски домаќинства од општините Босилово и Ново Село, директна поддршка за нивниот фамилијарен бизнис во земјоделството

– финансиски грант за набавка и инсталирање на систем за греење во стаклени градини – производство на цвеќе и тн.

 

Ајде СИТЕ да се надминеме себе си и околу овие благородни активности во интерес  на СИТЕ Жители од струмичкиот регион –  ДА НЕ СЕ ДЕЛИМЕ ПО ПАРТИСКА, ЕТНИЧКА, РЕЛИГИОЗНА или која било друга РАЗЛИЧНОСТ!!!

Потребни се Позитивни Дела и Реални ИНВЕСТИЦИИ за РАЗВОЈ. СЕГА И ВЕДНАШ!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.