Еуроникел ќе ги исплати сите побарувања на транспортерите на ФЕНИ Индустри

384

Еуроникел, претставништвото на ГСОЛ ќе им ги исплати сите средства на транспортерите на ФЕНИ. Вкупните побарувања на транспортерите во вредност од 3,1 милиони евра се побарувања од Нова Логистик, фирма за која е се поизвесно дека влегува во стечај.

Иако е надвор од законските обврски на Еуроникел, но со оглед на ситуацијата каде е извесен стечај на Нова Логистик, а со тоа дополнително ќе се влоши состојбата на транспортерите, одлучено е да се помогне максимално и да им се исплати вкупното побарување. Плаќањето ќе се изврши веднаш по утврдувањето на документацијата за побарувањата и потпишување на нотарски договори кои ќе бидат склучени со транспортерите.

Се повикуваат транспортерите да ги отстранат блокадите и да се овозможи непречен дотур на материјалите за производство, за да може фабриката нормално да функционира.

Еуроникел има интерес да соработува со сите страни, но нормалното функционирање на фабриката од која зависи егзистенцијата на 800 семејства е приоритет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.