„Еуровингс“ откажа стотици летови пред тридневниот штрајк на пилотите

Германската ниско-буџетска авиокомпанија „Еуровингс“ соопшти дека е принудена од утре до среда да откаже стотици летови поради вториот штрајк на пилотите во рок од неколку недели, јави ДПА.

Од 400-те летови планирани за утре се очекува да се реализираат повеќе од 230, соопшти денеска подружницата на „Луфтханза“.

„Еуровингс“ очекува дека во вторник и среда ќе може да реализира повеќе од половина од планираниот распоред на летови.

Синдикатот на кабинскиот персонал ги повика пилотите на „Еуровингс“ да престанат да работат од полноќ во понеделник до среда.

Оттаму наведуваат дека причината за штрајкот е недоволната понуда од страна на работодавачот за подобри услови за работа во колективниот договор.

Компанијата побара од патниците редовно да го проверуваат статусот на нивниот лет преку веб-страницата или апликацијата за клиенти на „Еуровингс“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.