Евакуација на четири населби и детски камп на Атика поради пожар

16

Голем шумски пожар избувна во Лаврио, приморски град во југоисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а во справувањето со огнените јазици интервенираат 49 пожарникари со 19 возила, два пешадиски тима, два авиони и четири хеликоптери.

Според грчките медиуми, била дадена наредба, превентивно да се евакуираат четири населби и детски камп со околу 600 деца.

На местото на пожарот итно замина заменик-министерот за цивилна заштита и управување со кризи Никос Хардаљас, заедно со тим од надлежното министерство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.