Евакуација на аеродромот во Лидс поради сомнителен предмет

Неидентификуван објект е откриен во саботата доцна вечерта на меѓународниот аеродром Лидс-Брадфорд во Велика Британија, по што е спроведена евакуација,

Како што пренесува весникот The Daily Mail, информациите за откриениот сомнителен пакет почнале да пристигнуваат околу 21 часот по локално време.

Поради инцидентот, многу од дојдовните летови се пренасочени кон другите аеродроми во земјата, најмногу кон Манчестер и Њукасл. Некои летови се откажани, како и полетувањата од овој аеродром.

Во моментов аеродромот во западната англиска грофовија Јоркшир сé уште е затворен, а полициски тимови се на местото на настанот. Официјални потврди на оваа информација засега не се објавени.

Интернет изданието Sun Onlin, ја пренесува изјавата на патничка од аеродромот во Даблин којашто изјавила дека нејзиниот лет бил одложен со образложение дека аеродромот Лидс-Брадфорд е затворен за сообраќај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.