Евакуација од поплавени куќи во западна Грција

Повеќе десетици граѓани по наредба на властите се евакуирани од поплавените куќи во западниот дел од Грција во неделата, неколку дена откако седум луѓе ги загубија животите на Халкидики, на северот.

Локалните медиуми истакнуваат дека вака силни бури не се вообичаени за Грција, каде што летата главно се жешки и суви.

Поплавите по последната бура ги оштетиле патиштата во близина на градовите Нафпактос и Патра, а главниот пат беше затворен неколку часа. Засега нема извештаи за повредени или исчезнати.

„Поплавени се многи куќи и продавници во близина на градот Нафпактос… оштетени се домови, продавници и автомобили“, соопштиле за Reuters од локалната противпожарна служба.

Седум лица, од кои шест туристи и две деца, загинаа а повеќе од стотина беа повредени во четвртокто кога бурата го погоди полуостровот Халкидики.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.