Евакуиран аеродромот во Холандија, поради закана за бомба

Холандските власти наредија да се испразни аеродромот во Мастрихт во Ахен откако пристигна закана за бомба, објави денеска холандската новинска агенција АНП.

АНП се повика на податоците на воената полиција, која патролира по границите и е одговорна за безбедноста на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.