Евакуирана скопската зоолошка, откако слон турнал столб за електрична енергија

Денеска во зоолошката градина се случил инцидент откако еден од слоновите удрил во столб, предизвикувајќи прекин на струјата.

Веднаш реагирало обезбедувањето и посетителите биле безбедно евакуирани.

Репортерот на ТВ21 јавува дека сè се случило многу брзо и за 5 минути сите биле надвор од зоолошкаде и тргнале кон дома, откако им било кажано дека не е познато кога можат да се поправи ситуацијата.

Од Зоолошката градина велат дека немало целосни прекини на електрична енергија, дека слонот само го турнал столбот, а дел од градината останала без електрична енергија.

Посетата во Зоолошката градина продолжува, а прекинот траел само 15 минути