Евакуирани 500 патници во воз во Франкфурт по дојава за бомба

Супербрзиот воз ICE мораше да биде евакуиран во петокот попладнетов о Франкфурт, поради закана за бомбашки напад, соопшти германската полиција

Возот со колу 500 патници кон Цирих тргнал од главната жечезничка станица во Франкфурт, кога стасата дојава за наводно поставена бомба.

„Пристигна дојава за бомба во возот ICE74. Од композицијата беа безбедно евакуирани 500 патници, никој не настрада. Пругите 5 и 6 од станцата Франкфурт-ам-Мајн Суд беа блокирани“, објави полицијата наTwitter

Потоа композицијата на јужната железничка станица била испразнета, а припадниците на германската сојузна полиција со помош на обучени кучиња го пребарале возот.

Полицијата зајклучила дека зво возот не е принајдена никаква експлозивна направа, па 500-те евакуирани патнции биле вратени во возот и со повеќе од еден час задоцнување го продолжиле патот кон Цирих.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.