Евакуирани најмалку шест судови во Германија по закани со бомби

Германската полиција евакуирала и пребарала судници во најмалку шест градови ширум земјата по закани со бомби упатени преку електронска пошта во петокот, соопштија властите.

Во соопштението на полицијата се наведува дека бил евакуиран судот во источниот град Потсдам, како и во западниот град Висбаден каде што е пронајден сомнителен пакет. Испразнети, исто така, биле и судовите во централните градови Магдебург и Ерфурт, и во северниот пристанишен град Кил, пишува весникот Hannoversche Allgemeine Zeitung.

Уште е еден суд накусо бил затворен, во Саарбрикен недалеку од границата со ФРанција по закана со бомба упатена преку електронска пошта, пишува Bild. Полицијата на пребарала зградата и потоа дозволила отворање на судот за странките и вработените, наведува весникот.

„Моментално сме во зградата на судот во Потсдам. Таму денеска е упатена закана со бомба. Слично составени закани се примени и во други градови“, објави германската полиција на Twitter.

Во палатата на правдата во Потсдам, во која се наоѓа и земскиот суд, имало околу 200 лица. Во потрагата по евентуалната експлозивна направа биле користени и специјално обучени кучиња, а областа околу зградата е блокирана.

Портпаролот на полицијата во Висбаден рекол дека е прерано да се каже дали постои врска меѓу заканите. „Истрагата штотуку започна“, рекол портпаролот Јоханес Нуман.

„Бевме информирани за сомнителен предмет во судот, се наоѓаме на самото место, се спроведуваат истражни дејствија. Во моментов се врши проверка на зградата, при пребарувањето се корисни службено куче“, објави полициајта на западен Хесен, Поради активностите на полициајта, областа околу судот е блокирана.

Германската сојузна полиција за заканите дознала од медиумите и не е вклучена во никаква истрага во врска со тоа, соопшти портпаролката.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.