Евакуирани околу 200 луѓе во северна Италија поради свлечиште

Околу 200 луѓе се евакуирани од местото Казарго, италијанскиот регион Ломбардија поради лизгање на земјиштето.

Италијанските пожарникари објавија фотографии на кои се гледа како тињата го прекрива Казарго, што е лоцирано над езерото Комо, префртувајќи автомобили.

Поради свлечиштето сточарите над Козарго се отсечени поради блокада на патиштата.

Лизгаењето на земјиштето е предизвикано по синоќешните обилни дождови што го зафатија регионот.

За сега нема информации за евентуални човечки жртви.