Евакуирани отсечените семејства на Попова Шапка

Поради силен ветер и снег во текот на вчерашниот ден беше завеан патот до викенд населбата на Попова Шапка, поради што отсечени биле семејства кои биле затекнати во своите домови.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека дополнителен проблем претставувало и снемувањето на електрична енергија.

Од ЕЛС Тетово започнале со расчистување на патот со употреба на механизација, и патот е расчистен и семејствата се безбедно евакуирани. Во вечерните часови состојбата е нормализирана, а исто така е решен и проблемот со електроснабдување. Од страна на РЦУК Тетово за време на целиот период од настанатата состојба е контактирано со ЕЛС Тетово, ЈП Македонијапат, ПС Попова Шапка, ЕЛЕМ Турс како надлежна за одржување на скијачките терени и стази, информираат од ЦУК.