Еве какво време не’ очекува наредните денови

Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер.

Во североисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од снег.

Во среда и четврток ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за магла по одделни котлини.

Дневната температура од четврток осетно ќе се зголеми, особено на повисоките места и на планините.