Еве какво време не’ очекува за продолжениот викенд

Во Македонија во четврток и петок студено утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од -8 до 0 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе достигнат до 4 односно до 14 степени.

Во сабота и недела умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд а на планините над 1500 метри со врнежи од снег.

Утринските температури ќе бидат во пораст и ќе достигнат од -5 до 3 односно од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни температури ќе движат од 5 до 15 односно од 0 до 10 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во четврток и петок по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време. Минималната температура од -3 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10 степени.

Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди, доцна попладне и навечер нестабилно време со слаби врнежи од дожд. Утринската температура од 0 степени, а дневната ќе достигне до 11 степени. Нестабилно време со повремени врнежи од дожд во Скопје се очекуваат и во недела. Утринската температура од 3 степени, а дневната ќе достигне до 6 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.