Еве кои граѓани ќе добијат платежна картичка од 9.000 и 3.000 денари

Платежна картичка со сума од 9.000 денари за купување на домашни производи ќе добијат само активните невработени кои секој месец се пријавуваат во Агенција за вработување, објави Телма.

Според списокот кој го испратила Агенцијата до генералниот секретаријат до 22 мај има 119.000 вакви лица, додека околу 85.000 другите лица кои бараат работа и се пријавуваат на шест месеци, не влегуваат во оваа листа.

Но последниот филтер кој ќе добие картичка ќе го прави УЈП која ќе ги избрише тие кои имале приход по разни основи кои надминале 15.000 денари месечно.

Картичка со сума од 3.000 денари пак ќе добијат вработените со вкупни приходи не само од плата, до максимум 15.000 денари месечно.

На, списокот со помош од 3.000 денари ќе бидат и сите редовни средношколци и студенти од 16 до 29 години,но само од државните училишта и универзитети. Бројките сега се сумираат од повеќе институции, а финансии очекува во овие мерки да влезат околу 280.000 лица, за кои се издвоени вкупно 25 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.