Некои идеи во сексот, можат да звучат доста привлечно, но на крај излегува дека се попривлечни во теорија отколку во пракса. Затоа ви пренесуваме што се покажало како непрактично кога играта во водењето љубов е во прашање.Можеби на некои им е незамисливо да пробаат вакви работи, но имајте на ум дека постојат луѓе кои не можат да си ја контролираат фантазијата.
Секс и храна
Чоколада, шлаг и различни други слатки можат да бидат одличен додаток во сексот, но внимавајте каде ги ставате. Храната на вагината, може да биде причина за вагинални инфекции.
Поливање со жежок восок по ерогените зони
Доколку се одлучите на тоа да ги поливате ерогените зони, како брадавиците, со врел восок, многу работи може да тргнат на лошо. Ако воскот е претопол, може да предизвика изгореници.
Секс на јавно место
Колку и да ви звучи идејата привлечно, може да се случи толку многу да се грижите за да не бидете фатени на дело, што на крајот не можете да уживате. А, може да се случи и навистина да бидете фатени, а тогаш нема убаво да си поминете.
Садо-мазо играчки
Многу играчки и различни додатоци знаат да го развеселат сексуалниот живот, но некои екстремни работи како ланци, врвки, камшик поголемито број на луѓе нема да ги дочекаат со воодушевување. Не впуштајте се во никакви перверзии, ако не сте сигурни дали партнерот тоа го сака.