Еве колкави плати земаат македонските репрезентативци во Серија А

Освен Горан Пандев, во новата сезона од Серија А, уште двајца македонски репрезентативци се дел од италијанското Калчо.

Џенова, Наполи и Удинезе се екипите кои ќе бидат повеќе следени сезонава од навивачите во Македонија, само поради репрезентативците на Македонија.

Денеска италијанскиот дневен весник Газета, излезе со точни бројки околу тоа колку инкасираат познатите играчи во своите клубови во Се рија А.

Според Газета, најплатен играч во Серија А кој доаѓа од Македонија, е Елиф Елмас, кој заработува над 1 милион евра по сезона, додека Несторовск и Пандев се далеку под тоа.

Несторовски со новиот клуб, ќе заработува 600.000 евра, додека капитенот Горан Пандев околу 350.000 евра по сезона.

Што се однесува до топ 10, недопирлив е Кристијано Роналдо со 31 милион евра по сезона, а потоа следуваат Де Лихт со 8 милиони, па Игуаин, Лукаку и Дибала со по 7.5 милиони евра. Од останатите балканси држави, Един Џеко инкасира 5 милиони по сезона.