Еве колку се независни новинарите на СДСМ – водат заеднички бизнис со функционери од СДСМ

Опозициската новинарка Оливера Трајковска и претседателката на градската организација на СДСМ и поранешен советник во Град Скопј, Софија Kуновска, се бизнис-ортачки, покажаа информациите од скандалот кој во јанаури минатата година го објави весникот ДНЕВНИК.

-Имено новинарката и политичарката имаат заедничка фирма, „Медиарт“ ДОО Скопје и тоа регистрирана уште во 2005 година. Управител на фирмата е Трајковска. Седиштето на фирмата е на улицата Христо Смирненски, бр. 54/2-24, во Скопје, пишуваше Дневник.

Дел од јавноста тогаш коментираше дека ова е прв случај во Македонија, а сигурно и пошироко, каде што е официјално и бесрамно еден новинар да има заедничка фирма со еден политичар, коментирајќи дека заедничката фирма на Трајковска и Куновска е скандал од врвни размери.

Кој од јавноста после ова ќе поверува дека Трајковска во своите опсервации и анализи не трпи влијание од тоа што има заеднички интерес со Куновска? Кој ќе поверува дека е независна?

На времето екс министерот на МВР Томислав Чокревски велеше “политичарите и новинарите се во административен брак”, но никој не веруваше.

Сега гледаме дека тоа било вистина, а овој случај е најголема потврда за тоа. Во Македонија СДСМ има новинари со кои основа заеднички фирми. Останува нејасно за каква слобода на новинарите зборува СДСМ, кога ова е класичен случај на мегазависност.

Секој напад на Трајковска во нејзините емисии упатени кон Владата не се ништо друго туку обид да се наштети на Владата и да се направи пат за власт на СДСМ и за нејзината бизнис партнерка Куновска. Можеби Трајковска размислува дека со Куновска на власт, нивната фирма ќе има можност за повеќе бизнис?, пишува „Курир“.