Еве на што ги потрошиле големите ѕвезди парите од првите договори

Многу од сегашните или поранешни големи ѕвезди во спортот, немале баш убаво и богато детство, но за тоа „наплатиле“ низ кариерата, кога почнале да заработуваат големи суми на пари.

Денеска спортистите заработуваат по десетици милиони по сезона, што пред дваесет години беше незамисливо во било кој спорт.

Интересно е дека некогашниот играч за врска на Барса, прво нешто кое купул од првата поголема плата, бил тостер за неговата мајка.

Напаѓачот на Евертон, Единсон Кавани, се присеќа дека во Уругвај со првите пари купи 1376 хектари земја, додека кошаркарот на Вашингтон Визардс, Кели Обур, купул куќа од првиот богат договор.

Екс играчот на Барселона, Арда Туран, од својот прв богат договор, купул големо земјиште во Бајрампаша во Истанбул и отворил бензинска пумпа, што отсекогаш била желба на неговиот татко.

Боксерот Флојд Мејведер од своите првите милиони долари, си купил голем имот во Лас Вегас во вредност од 7.5 милиони долари.

Герет Бејл успеал да отвори сопствен спортски бар во Кардиф, сезона две пред да се пресели во Реал Мадрид.

Италијанскиот голман Луиџи Буфон од почетокот на кариерата вложувал во недвижности, дури е познато дека неговата целосна вредност сега надминува 20 милиони евра.

Шекил Онил, некогашната ѕвезда на Лејкерс, од првиот договор купул три луксузни автомобили и куќа за неговата мајка, додека Артуро Видал парите од првиот договор ги вложил во клуб од село, блиску до местото каде потекнува.

Серхио Агуеро откако од Атлетико се пресели во Сити, потрошил 1.5 милиуони евра на Ламборџини Авентадор, додека сегашниот напаѓач на ПСЖ, Мауро Икарди, се почастил од првиот голем договор со златен Хамер Х2, од околу 100.000 евра.