Психологот Мајк Бандрант открива кои се работите кои среќните двојки ги разликуваат од несреќните врски или оние кои остануваат сами.
Среќните двојки постојано се изненадуваат еден со друг
Здодевноста е смртоносна за врската. Изненадете го партнерот со нешто што и не мора да биде скапо. На пример, од нигде никаде кажете му дека го сакате. Израдувајте се еден со друг со непланирано романтично излегување. Направете ги домашните работи за кои вообичаено не сте задолжени. Понудете еден на друг масажа и запаметете дека изненадувањата немаат распоред.
Постојано одржуваат физички контакт
Не е работата само во сексот. Се работи за тоа еден на друг да си го почувствувате телото. Долго гушкајте се и бакнувајте се. Физичкиот контакт ослободува окситоцин, хормонот задолжен за врзување. Според едно истражување двојките се најсреќни кога спијат голи.
Еве по што среќните двојки се разликуваат од несреќните
Визуелните типови сакаат визуелни докази за љубовта, подароци, убаво облекување, да видат дека нешто правите за нив. Аудитивните типови сакаат да слушнат убави изјави за љубовта. Сетилните типови пак сакаат бакнежи, прегратки, држење за раце. Ако не сте сигурни што на вашиот партнер му е подраго, прашајте го.
Кога проблемот ќе се појави, подготвени се да ја признаат вината
Тајната на среќната љубов е во тоа секој да ја преземе одговорноста. Ако постојано ја префрла одговорноста и никогаш не презема дел од вината врз себе, таа лоша стратегија ќе доведе до меѓусебна нетрпеливост и одбивност.
Нежноста е алка која недостасува во најголемиот број на односот
Нежноста може да го трансформира односот и таа е најважен фактор во одредувањето на успехот на врската. Дали сте љубезни спрема саканата личност, дури и кога не се сложувате. Ако не сте, бидете сигурни дека ја загрозувате врската со лутење и повреденост.
Среќните двојки пред се се пријатели
Квалитетниот брак, пред се е пријателство, а потоа семејство. Тоа е така затоа што луѓето повеќе уживаат со своите пријатели отколку со своите најблиски. Едно истражување покажало дека луѓето се далеку посреќни со своите пријателите отколку со членови на семејството. Ако партнерите се пред се пријатели, тие ќе знаат да ја ценат врскат и еден кон друг да се однесуваат со почит.