Eве што му се случи на еден од многуте копачи на биткоини кој крадел струја

На 16.07.2021 во 14.30 часот од полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров на подрачјето на Ѓорче Петров е лишен од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик.

При претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба на струја, при што биле пронајдени и одземени 7 компјутери ‘мајнери’ за копање на криптовалути.

Лицето е приведено, а по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.