Еве што пишувало во кодираните пораки што ги праќал Верушевски

Фамилијата Верушевски комуницирале преку телефонски кодирани пораки чиј клуч го имале само тие. Канал 5 од извори од истрагата открива дел од содржината на пораките што Верушевски ги испраќал до синот и сопругата.

Канал 5 објави дека според кодот секоја буква на телефонската тастатура имала соодветен број, па така на пример за А е бројот 7, за Б е бројот четири, за В бил бројот 20, за буквата Г бројот 50 итн.

Во пораките секој збор бил завршуван со нула. Дел од дешифрираните пораки кои ги објави Канал 5 се следните:

Александар Верушевски со мајка му

-Татко ми е супер и го порача следново, јас да почнам со бизнисот со Зајко и бомбата нека грми. Значи пренеси му секако да си тера по планот, без пазарење со никого.

Александар Верушевски со мајка му

-Рече ние да сме обезбедени максимално. Договорот со Зајко знаеш и ти како беше договорено, тоа значи јас ќе возам нова кола, ха, ха, ха.

-Ти како си и како ти е таму и кажи му Зајко компјутер ми фалит.

-Уште еден адвокат или десет сè е џабе, без револуција џабе е сè, пишува во пораките.