Еве зошто МВР казни 10 свои вработени

Во текот на минатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 10 решенија против 10 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3 и 4 и член 207 став 1 и точки 4 и 8 од Колективниот договор на МВР. На шест вработени изречена им е мерка – „парична казна”, на двајца вработени мерка – “запирање на постапката“,  на еден вработен мерка – „писмено предупредување“ и на еден вработен изречена му е мерка „отказ“.

Инспектор во Отсек за перење пари,  СВР Скопје изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (не го почитувал работниот ред и дисциплна);

Полицаец во ПС од ОН Струмица, СВР Струмица  изречена му е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (бил под дејство на алкохол за време на работа);

Полицаец за БПС во ПС за БПС Велес, СВР Велес  изречена и е мерка „парична казна“ во висина од 10% од месечната плата за еден месец (не се придржувала кон прописите кои важат за вршење на работите на работното место);

Полицаец во ПК Демир Капија, СВР Велес  изречена му е мерка „парична казна“ во висина од  10% од месечната плата за еден месец (го напуштил работното место без да добие согласност од старешината);

Инспектор за економски криминалитет во ОЕК, СВР-Штип,  изречена му е мерка „парична казна“ во висина од  15% од месечната плата за шест месеци (во својство на Командир не ја контролирал работата на администраторот во ПС);

Водич на безбедносен реон во ПСОН-Прилеп, СВР-Битола, изречена и е мерка „парична казна“ во висина од 15% од месечната плата за три месеци (покажала слаба активност во своето работење и не водела уредна евиденција за извршени кривични дела);

Полицаец во увидна група во ПС за БПС Велес, СВР Велес,  изречена му е мерка „запирање на постапката“  (нема повреда);

Помошник дежурен во ПС од ОН Свети Николе, СВР Штип, изречена му е мерка „запирање на постапката“  (нема повреда);

Дежурен во ПС од ОН Свети Николе, СВР Штип, изречена му е мерка „писмено предупредување“ (Не извршил детална проверка на објектите лоцирани во склоп на полициската станица за да констатира дека на истиот има оштетување);

Инспектор за општ  криминалитет во НК за КР Струга, СВР Охрид, изречена му е мерка „отказ“ (Не дошол на работа три последователни работни дена и не го оправдал своето отсуство);