Евертон ја продолжи агонијата на Арсенал, Ливерпул со рекорд по речиси век и пол

Фудбалерите на Евертон на својот „Гудисон Парк“ го совладаа лондонски Арсенал со 2:1 привремено пробивајќи се на второто место на табелата, каде што во водство е другиот клуб од Ливерпул кој претходно во саботата во рамјите на 14-то коло од англиската Премиер лига на гости кај Кристал Палас ја издвојува рекордната гостинска победа од 7:0.

Екипата на Евертон поведе во 22 минута кога гостинскиот одбранбен играч Рон Голдинг незграпно ја испрати топката во сопствената мрежа, Арсенал израмни во 35 минута од пеналот кој го реализираше Николас Пепе, но во последната минута од првото полувреме Јери Мина го донесе новото водство за домашните од 2:1, што се покажа и како конечен резултат на мечот.

Сега со 26 бодови Евертон привремено е на второто место на табелата, меѓу водечкиот Ливерпул кој има 31 бод и третопласираниот Тотенхем со 25 бодови но со меч помалку. Арсенал, пак, и осми првенствен натпревар со ред не успеа да зебележи понеда, и е на 16-то место со 14 бодови, што е најслабиот старт на „Топчиите“ во последните четири децении во елитното англиско натпреварување.

Ливерпул со головите на Такуми Минамино во 3, Садио Мане во 35, Роберто Фирмињо во 44 и 66, Џордан Хендерсон во 52 и на Мохамед Салах во 81 и 84 минута го столчи домашниот Кристал Палас. Ова беше деветта победа на тимот воден од Јирген Клоп со што го одржува водството на вровот на табелата. Кристал Палас, кој, пак, првпат во својата историја на домашен терен прими седум погодоци, со 18 бодови е на 12-то место.

Ливерпул ја забележа својата највисока победа на гостински терен уште од 1896 година. „Редси“ притоа остваруваат втора победа под водство на Клоп во Премиер лигата со шест и повеќе голови, по онаа од 2016 година над Астон Вила со 6:0. Клоп, исто така, со денешениот триумф ја оствари 127-та порвенствена победа на клупата на Ливерпул и го надмина Шпанецот Рафаел Бенитез кој има 126 победи.

Манчестер Сити оствари гостинска победа кај Саутемптон со 1:0, по двата меча без победа. Стрелец на голот вреден три бода во динамичниот натпревар беше Рахим Стрлинг во 16 минута.

Манчестер Сити моментално е шести со 23 бодови, а Саутмептон со бод повеќе остана засега петти.

Колото продолжува во недела со дуелите Брајтон – Шефилд Јунајтед, Тотенхем – Лестер Сити, Манчестер Јунајтед – Лидс Јунајтед, Вест Бромвич Албион – Астон Вила, а во понеделник го заокружуваат Барнли – Вулверхемтон и Челзи – Вест Хем Јунајтед.

Во последиот натпревар Фулам не успеа да го задржи водството кај домашниот Њукасл и мечот заврши со резултат 1:1. Гостите поведоа во 42 минута со автоголот на Мет Ричи. Во 61 минута играчите на Фулам ја загубија топката а во контранапад Јаоаким Андерсен го собори Калум Вилсон во својот шеснаесетник и притоа беше исклучен, додека Вилсон самиот го реализираше пеналот. Иако имаа половина час игра со фудбалер повеќе Њукасл неуспеа да постигне уште еден погодок.

Фулам е на последната позиција која обезбедува опстанот – 17-та со 10 бодови, а Њукасл е 12-ти со 18 бодови.

Колото продолжува во недела со средбите: Брајтон – Шефилд – Јунајтед, Тотенхем – Лестер Сити, Манчестер Јунејтед – Лидс Јунајтед, а во понеделник играат Барнли – Вулверхемптон и Челзи – Вест Хем Јунајтед.