Евертон го потопи Манчестер Јунајтед, Палас го изненади Арсенал а Ливепрул пак на врвот

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доживеаја вистински потоп од 0:4 на гостувањето кај Евертон во рамките на 35-то коло од англиската Премиер лига, со што ја загрозија својата шанса за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

За победата на Евертон стрелци беа Ричарлисон во 13, Сигурдсон во 28, Диње во 56 и Волкот во 64 минута.

Евертон со 49 бодови е на седмата позиција на табелата, а Манчестер Јунајтед остана на 64 бодови, шести е со два бода помалку од петтиот челзи и четвртиот Арсенал кои се на местата кои водат во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Ливерпул, пак, со победата од 2:0 кај Кардф Сити, повторно се пробија на врвот на првенствената табела. „Редсите“ против тимот кој се движи кон селењето во понизок ранг чекаа 57 минути, кога погоди Георгино Вијналдум а трите бода ги обезбедни Милнер од пенал досуден откако беше соборен Салах.

Ливепрул е повторно во водство на табелата со 88 бодови, два повеќе од Манчестер Сити, но „Граѓаните“ имаат меч помалку. Кардиф остана со 31 бод на 18-то место, три бода помалку од Брајтон кој е 17-ти, место кое обезбедува опстанок, но и меч повеќе.

Арсенал беше непријатно изненаден на својот „Емирејтс“ од Кристал Палас кој славеше со 3:2. Бентеке ги доведе во водство гостите во 17 минута, „Топчиите“ ирамнија преку Озил во 47 минута, но гостите повторно поведоа во 61 минута преку Заха а во 69 минута водството го удвои Мекартур, а во 77 минута надежите да ги врати Обамејанг.

Тратпласиран е Тотенхем со 67 бодови, Арсенал и Челзи имаат 66 бодови, а Манчестер Јунајтед има 64 бода. Сите имаат по уште четири натпревари и ќе се борат за пласман во преостанатите две места кои водат во Лигата на шампионите.