Евертoн обезбеди опстанок во Премиер лигата

Во одложениот натпревар од 33-то коло на англиското фудбалско првенство Евертон со голем резултатски пресврт го победи Кристал Палас со 3:2, и на коло пред крајот на сезоната го осигури премиерлигашкиот статус.

Гостите на полувремето имаа предност од 2:0, остварено со голивите на Жан-Филип Матета во 21 и Џордан Ајев во 36 минута. Но во вториот дел следеше пресвртот на Евертон, за кој се погрижија Мајкл Кин во 54, Ричалисон во 75 и Доминил Калвер-Левин.

Евертон на коло до крајот на првенството има недостижни четири бодови преднсот пред Лидс Јунајтед кој е на 18-то место, додека Вотфорд и Норич Сити веќе од претходно се второлигаши. Кристал Палас остана 13-ти со 45 бодови, десет повеќе од зоната на испаѓање.

Во четвртокот вечерта стана јасно дека последниот патник во понизок ранг на натпреварување ќе биде или Лидс Јунајтед или Барнли кој одигра 1:1 на гостувањето кај Астон Вила во одложениот меч од 18-то коло. Гостите поведоа од пеналот кој во 45 минута го реализираше Ешли Барнес, а израмни Емилијано Биендија во 48 минута.

Барнили сега е 17-ти со 35 бодови и е израмент со 18-от Лидс Јунајтед кој има ист број бодови но послаба гол-разлика. Во последното коло Лидс гостува кај Брентфорд, додеак Барнли ја својот терен го пречекива Њукасл Јунајтед. Астон Вила е 14-та со 45 бодови.

Без победник со резултат 1:1 заврши и одложениот дуел од 27-то коло меѓу Челзи и Лестер Сити. Гостите поведоа преки Џејмс Медисон во 6 минута, а домашните израмнија со голот на Марко Алонсо во 34 минтуа.

Челзи остана на тратата позиција со 71 бод и обезбедено место во Лигата на шампионите следната сезона, затоа што петтопласираниот Арсенал пред последниот меч има пет бодови помалку. Лестер Сити е 9-ти со 49 бодови, без шанси за продор до последните позиции кои водат во Лига Европа или Конференциската лига.

Пред последното коло Манчестер Сити е водечки со 90 бодови, додеа второпласираниот Ливерпул има бод помалку. Во последните меч Сити ја пречекува Астон Вила, додека Ливерпул дома игра со Вулверхемптон.