Евертон побара 25 милиони фунти за Лејтон Бејнс

Раководните лица на убедливо најпријатното изненадување во досегашниот тек од новата сезона во англиската Премиер лига, тимот на Евертон, потврдија дека се подготвени да се ослободат од услугите на офанзивниот лев бек, Лејтон Бејнс.
Репрезентативецот на Англија ќе добие зелено светло за промена на клупската средина но под еден услов, заинтерсираниот клуб за време на зимскиот преоден рок да испрати официјална понуда не помала од 25 милиони фунти.

Ваквото побарување може да биде голем проблем и за актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, кој важи за најголем фаворит во трката по потписот на 29-годишниот бек кој би требало да биде идеална замена за францускиот интернационалец, Патрис Евра кој сигурно ќе си замине од “Олд Трафорд” за време на летниот преоден рок.
Освен Јунајтед, во трката по потписот на Бејнс најверојатно ќе се вклучи и Манчестер Сити, Челзи и Арсенал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.