Евертон побара 80 милиони фунти од Челзи за ѕвездата во подем

60

Челзи пројави интерес за играчот на Евертон – Ричарлисон, но оттаму најверојатно ќе го задржат, бидејќи поставија цена од 80 милиони фунти за услугите на бразилскиот фудбалер.

Милан, ПСЖ и Атлетико Мадрид исто така ја следат кариерата на 21-годишниот фудбалер.

Напаѓачот се пресели во Евертон минатото лето со трансфер од Ватфорд за 40 милиони фунти.

Ричарлисон постигна 10 голови во сезоната, а дебитираше и за бразилскиот национален тим.

Skin Delight