Евертон со „блиц-криг“ до пресврт и победата

Во средбата од четвртото коло на англиското фудбалско првенство Евертон го совлада Барнли со 3:1, правејќи резултатски пресврт со три погодока за само шест минути.

По првото полувреме кое заврши без голови, гостите поведоа во 53 минута преку Бен Ми, но Евертон од 60 до 66 минута постигна три погодока за големиот пресврт.

Во 60 минута израмни Мајкл Кин, пет минути подоцна за водство прецизен беше Андрос Таундсенд а веќе следната минута предноста на удвои Демараи Греј.

Евертон сега има 10 бодови, колку и водечките Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул, додека Барнли е на 18-та позиција со еден бод.