Евертон за десет години потроши 700 милиони, а се бори за опстанок

Фудбалскиот клуб Евертон во последните десет години потроши 700 милиони евра и требаше да има силен тим, но засилувањата беа само на хартија, резултатите ги нема.

Кога денеска би завршила сезоната во Премиерлигата, Евертон би испаднал од елитното англиско друштво. Со 14 бода во 15 кола, тимот е далеку под очекувањата, па затоа сега се најавува смена на тренерот Марко Силва, особено после дебаклот во градското дерби со Ливерпул.

За споредба, во истиот период од една деценија Тотенхем потроши двојно помалку пари, а изгради нов стадион и стигна до финале на Лигата на шампионите, за разлика од Евертон на кој шестото место во Премиерлигата му е најголем успех.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.