Евгениј Поп Ацев победник на Охридскиот пливачки маратон

Евгениј Поп Ацев победник на Охридскиот пливачки маратон
Евгениј Поп Ацев победник на Охридскиот пливачки маратон

Евгениј Поп Ацев е победник на 29-тото издание на Охридскиот пливачки маратон.

Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 30 километри ја исплива за 5:39:42 часа.

Ова е еден од најубавите моменти во мојата пливачка кариера. Многу сум задоволен, се надевав годинава на победа. Последните километри од трката видов дека имам шанси, така што ја сменив тактиката и успеав да го направам она што го пропуштив лани, изјави Поп Ацев откако од претседателот Ѓорѓе Иванов беше закитен со ловоров венец.

Распоредот на второпласираниот и третопласираниот маратонец ќе биде утврден дополнително бидејќи некои од пливачите пред самиот финиш ја промашија поставената контролна точка, така што можно е третото место да му припадне на нашиот Томи Стефановски, кој како четврт мина низ целната линија.

Првото место во женска конкуренција и припадна на италијанката Аличе Франко, која маратонот го исплива за 5:44:03 часа.

Поп Ацев е првиот македонски пливач што победува на маратонот во изминатите 29 изданија колку што маратонот на Охридскиот пливачки маратон е на „Гран-при“ програмата на трки на отворени води на Светската пливачка федерација.

Победникот на Охридскиот пливачки маратон, покрај паричната награда, ќе добие и 15 бода на своето конто, вторпласираниот 11, третиот 9, четвртиот 7… осмопласираниот 3 бода. Тоа значи дека Поп Ацев со победата во Охрид избива на првото место во генерален пласман со освоени 38 бода и со големи шанси да биде победник во оваа сезона оттаму што до крајот на оваа „Гран-при“ серија останува уште маратонот Капри – Неапол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.