Евијан му зема мерка на Монако

Само еден бод во дуелот против апсолутниот аутсајдер, тимот на Сошо, освоија фудбалерите на Олимпик од Марсеј.
Многу полошо поминаа фудбалерите на Монако кои иако најавија сигурен триумф на крајот сосема заслужено беа поразени од одличниот тим на Евијан.
Денеска ќе бидат одиграни преостанатите три натпревари од 31. коло во француската Прва лига, а најголема борба се очекува на “Стад Жерланд” каде домашниот тим на Олимпик од Лион ќе се обиде да забележи позитивен резеултат во дуелот против секогаш незгодниот тим на Сент Етјен.
Резултати: Сошо – Марсеј 1:1, Ајачио – Тулуз 2:2, Евијан – Монако 1:0, Монпеље – Валенсијен 0:0, Нант – Бордо 0:0, Римс – Валенсијен 1:1.
Денеска на програмата: Рен – Бастија, Лил – Генгамп, Лион – Сент Етјен.