ЕВН ја исклучи струјата во ГТЦ, па ја вклучи

Градскиот трговски центар добил предупредувачко исклучување на струјата и ветил дека долгот кон ЕВН ќе го плати, па повторно бил вклучен на мрежата, објави А1он.

Без конкретен датум, од ЕВН велат дека постигнале договор со ГТЦ за и од нив да си ги наплатат побарувањата, чиј рок за плаќање е истечен одамна. Попладнево дуќанџиите кои редовно плаќаат сметки од трговскиот центар, на кратко, останаа без струја.

„Железници“, пак, влечат струја директно од енергетскиот систем и прават дисбаланс во системот на МЕПСО.

„Според регистрираното на броилата на АД МЕПСО на кои се бележи испорачаната електрична енергија од електропреносниот систем, МЖ Транспорт во последниве денови, преземал одредени количини електрична енергија од преносната мрежа. Генерално, преземените количини прават дисбаланс во системот, но тие количини се мали за да бидат окарактеризирани како загрозувачки за работењето на елепреносниот систем.И покрај тоа што МЖ Транспорт во моментов нема снабдувач за електрична енергија, АД МЕПСО не ја исклучи оваа компанија од електропреносната мрежа бидејќи согласно законските одредби МЖ Транспорт е од посебна важност за одвивање на нормалниот живот на граѓаните и за функционирање на стопанството. Сепак АД МЕПСО ќе преземе соодветни чекори за неовластеното преземање електрична енергија од страна на МЖ Транспорт“, сооштија од АД МЕПСО.

Без конкретен датум, од ЕВН велат дека постигнале договор со ГТЦ за и од нив да си ги наплатат побарувањата, чиј рок за плаќање е истечен одамна. Попладнево дуќанџиите кои редовно плаќаат сметки од трговскиот центар, на кратко, останаа без струја.

Без струја можат да останат и затворот во Идризово, Клинички Центар и други значајни институции. Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Владата обезбедува пари за да ги подмири неплатените долгови на институциите.