ЕВН Македонија донираше опрема на Клиниката за токсикологија

ЕВН Македонија денес донираше компјутерска опрема на Клиниката за токсикологија.

Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија, лично ја предаде опремата на директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски.

Притоа и двајцата изразија големо задоволство што компјутерската опрема ќе најде своја примена во оваа здравствена установа.