ЕВН наградена за унапредување на човековите права во бизнисот  

40

 

ЕВН Македонија е една од првите компании добитници на наградата за унапредување на човековите права во бизнисот. Ова престижно признание се доделува за прв пат во нашата земја. Наградата ја доделува здружението Конект како дел од проектот „Поттикнување на принципите за бизнисите и човековите права“, во рамки на манифестацијата „Денови на одговорни бизниси“.

Оваа награда ЕВН Македонија ја добива за своите заложби и практики во грижата за вработените, корисниците, добавувачите и животната средина. ЕВН во рамки на своето секојдневно работење ги втемелува принципите на општествената одговорност, но и активно работи на проекти за оддржлив развој.

За вработените, компанијата нуди низа поволности, обуки и можности за кариерен развој, а особено внимание се обрнува на здравјето и безбедноста при работа. Во изминатата година изграден беше тренинг центар во Македонски Брод со 3.000 м2 целосно опремен простор за практични и интерактивни вежби што ќе го користат повеќе од 1.000 вработени. Проектите за дуално образование, „Жени во индустријата“ и „Со децата на работа“ особен акцент имаат на зголеменото вклучување на жените во бизнисот.

Грижата за корисниците е долгорочна инвестиција. Постојаното унапредување на услугите со вовоедување на дгитални решенија и достапност на контакт центарот 24/7 се дел од овие напори. Проектот за афирмација и поттикнување на електромобилноста е последен проект во доменот на заштитата на животната средина. ЕВН изгради национална мрежа за полнење на електрични возила со 40 станици за полнење во 17 градови. Понатаму, нашите континуирани активности за заштита на биодиверзитетот и одговорното управување со отпадот и опасните материи се неделливи од нашето секојдневие.

 

Наградата претставува поттик за понатамошно инвестирање во доменот на унапредувањето на човековите права во бизнисот, велат од компанијата. ЕВН Македонија ќе продолжи со реализација на проекти кои го подобруваат квалитетот на животот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.