ЕВН отстранува дефекти на електричната мрежа во реканскиот крај

Непристапните терени и лошите временски услови ја отежнуваат работата на екипите кои на терн ги отстрануваат дефектите на електричната мрежа од кои без струја се повеќе села по долината на Радика и мавровскиот регион.

Според првичните информации, дефектите се настанати на 30-киловолтниот далековод кој со струја ја снабдува општина Маврово-Ростуше.

– Освен селата во реканскиот крај, прекин во снабдувањето има и во селата Маврово и Ниќифорово. Проблемите настанаа со лавините во регионот. Дополнителни проблеми создаде и влажниот снег кој се налепил на проводниците и предзвикал кинење на јажињата. Од утринава екипи на ЕВН Македонија се на терен и работат на воспоставување на редовното снабдување – изјави за МИА Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Ковачевски нагласи дека екипите се соочуваат со пристапноста до местата на дефекти, заради длабокиот снег и непроодноста, но се вложуваат напори и ангажирани се дополнителни средства и луѓе.згм/са/10:41

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.