„ЕВН Снабдување“ со најдобри услови за компаниите

„ЕВН Снабдување“ е нова компанија ќерка на ЕВН за снабдување со електрична енергија. Во пресрет на либерализацијата на пазарот за електрична енергија, компанијата која веќе поседува лиценца за снабдување преку својот стручен тим ќе понуди најдобра цена за енергијата на пазарот и најдобра услуга која ќе овозможи стабилен развој на компаниите.

„Успешното спроведување на либерализацијата на пазарот ќе зависи од заедничката соработка на сите учесници на пазарот.Многу е важно добро да сме подготвени, информирани,транспарентни за да можеме да ги надминеме сите предизвици и несигурности заедно.Земајќи го предвид искуството на ЕВН групацијата во други земји, можам да ве уверам дека еден од главните фактори за успех се јасните правила и подготовката за определни предуслови.ЕВН групацијата има големо искуство и опслужува 14 милиони корисници во 21 земја, има околу осум илјади вработени и експерти. Знаењето и сигурноста се главните фактори за нашиот успех,“изјави Вернер Хенгст, претседател на УО на ЕВН Македонија.

Според Хенгст, знаејќи точно што значи отворен пазар,ЕВН Македонија напорно работеше во последните неколку години за да стане стабилен партнер за компаниите.

„Тоа го направивме преку инвестирање во последните години во повеќе од 217 милини евра во инфраструктура, подобри услуги, знаење, професионални тимови и постојано работевме за да ги исполниме барањата.За да го псотигнеме ова, ЕВН обезбедува работа за околу 5000 македонски компании и подизведувачи. Освен тоа, вработуваме 2000 локални вработени, наши колеги во ЕВН. Со сето ова покажуваме дека имаме исклучително влијание врз македонската економија. Нашето искуство и нашата експертиза ќе овозможат да ги задоволиме вашите деловни потфати,“ додаде Хенгст.

Во своето портфолио на услуги, освен експертиза „ЕВН Снабдување“ ќе понуди и услуги кои на компаниите ќе им обезбедат најдобри решенија според нивните потреби и специфики.

„За промените на пазарот се подготвуваме подолг период и веќе добро ги познаваме компаниите и нивните потреби. Ќе понудиме беспрекорна поддршка и сервис. Нашата понуда е и ќе остане транспарентна,бидејќи тоа е еден од клучните фактори за успех на слободниот пазар.Имаме знаење и ресурси и нудиме фер цена за енергијата, а дополнителните надоместоци за користење на дистрибутивната и преносната мрежа остануваат и натаму регулирани и нив ќе ги одредува Регулаторната комисија за енергетика,“ изјави Нико Берберу, менаџер на „ЕВН Снабдување“.

На промоцијата на компанијата во „Александар Палас“ присуствуваа голем број претставници од бизнис заедницата.