ЕВН воведува мерки за заштита од ширењето на корона вирусот

150

Во интерес на јавното здравје и по препораките од Комисијата за заразни болести и Министерство за здравство, ЕВН презеде низа мерки за заштита на здравјето на вработените и корисниците. Во целост ќе се почитуваат мерките и препораките од последната владина седница, а се однесуваат на справување со заканата од корона вирусот.

Со цел намалување на заканата за ширење на вирусот, апелираме фрекфенцијата на корисници во приемните канцеларии во Корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ да се намали на минимум и да се користи и почитува електронскиот систем за ред на чекање.

Ве молиме посетите на приемните канцеларии да се прават само за неодложни барања и услуги. Следните 14 дена додека важат мерките за заштита нема да работи приемната канцеларија на ЕВН во Дебар.

За сите останати информации и услуги корисниците може да:

  • ја посетат нашата веб страна evn.mk
  • пратат допис на info@evn.mk
  • ги користат онлајн услугите на evnonline.mk

На корисничкиот портал www.evnonline.mk :

Без да се регистрираат може:

  • да се пријават за електронска фактура
  • брзо да платат фактури

Со регистрација на профилот достапни се услугите:

  • проверка и плаќање на долгови
  • преземање на копии од фактури од последните 12 месеци
  • увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил
  • барање за потврда за успешно плаќањеевнКорисниците ги повикуваме да ги применуваат и препораките од Светската здавствена организација и Министерството за здравство, поради тоа што општото здравје е резултат и на нашата лична односно индивидуална одговорност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.