Евра ќе заврши кај старата дама

Францускиот ветеран од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Патрис Евра од 30 јуни ќе има статус на слободен фудбалер.

Офанзивниот лев бек на неколку пати повтори дека би сакал да остане на “Олд Трафорд” уште неколку сезони, но неговата желба најмногу зависи од ставот на клупските челници.

Иако е во поодминати години, Евра се уште важи за квалитетен фудбалер, а интерес за неговите услуги веќе покажаа раководните лица на Интер и на Монако.Италијанските медиуми пред неколку часа ја пласираа сензационалната информација дека францускиот интернационалец моментално преговара со раководните лица на Јувентус и дека преговорите најверојатно ќе бидат финализирани во следните неколку ден.

Офанзивниот бек добил понуда во следните две сезони да го носи дресот на старо-новиот шампион на Италија, а доколку ја прифати понудата, Евра ќе си осигура и годишна заработувачка од 2.5 мил. евра.