Евра расположен за преселба во Серија А

Фредерико Пасторело, агентот на францускиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, потврди дека Италија најверојатно ќе биде следната дестинација на офанзивниот лев бек кој на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч.

“Се е во рацете на мојот клиент. Евра самиот ќе одлучи каков ќе биде неговиот следен чекор, каде ќе ја продолжи својата кариера. Точно дека е многу поврзан со Манчестер Јунајтед, но во изминатиот перид се случија многу промени на “Олд Трафорд”, не толку позитивни за мојот клиент. Патрис е голем фан на италијанската Серија А, многу ја почитува и можно е Италија да биде следната дестинација во неговата кариера. Сепак, се уште е рано за да збориме за неговата иднина, но сите опции се во игра”, изјави Пасторело.

Во изминатите неколку недели Евра постојано беше поврзува со трансфер во редовите на италијанскиот калчо гигант Интер, но интерес за неговите услуги покажаа и челниците на неговиот поранешен клуб, Монако.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.