Евроамбасадорот Гир ја брани на Фон дер Лајен: Таа направи лапсус кога рече „северномакедонскиот народ“, во земјава не дојде со празни раце

При посетата на земјава, претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, во нејзиното обраќање направи лапсус и рече „северномакедонскиот народ“, а тоа беше единственото нешто на кое вие се задржавте од таа посета, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир.

Одговарајќи на новинарски прашања на почетокот на изградбата на железничкиот дел од Коридорот 8 во Куманово, Гир истакна дека Фон дер Лајен покажала огромна поддршка за Северна Македонија и оти не ја посетила земјава со „празни раце“. Потсети на Договорот со Фронтекс и паричната помош за справување со енергетската криза.

-Ова е трета посета на претседателката во една година, што е исклучително, со што мислам дека таа демонстираше огромна лична посветеност и посветеност на Комисијата за европскиот пат на земјава, посочи Гир.